Tags: ,
Што е EBD системот и како работи (видео)

За поголема безбедност

» EBD е кратенка од Electronic Brake Distribution, во превод електронска распределба на кочењето. Веќе овој термин доволно кажува дека овој систем служи за урамнотежување на силата на кочење. Тој функционира на начин што во предвид го зема оптоварувањето на оските и во зависност од тоа ја распределува силата на кочење меѓу предните и задните тркала. Со тоа тој го „подготвува теренот“ за системот против блокирање на тркала со цел негово поефикасно делување и зголемување на активната безбедност.

Сите знаеме дека при кочењето, заради инерцијата, на предните тркала отпаѓа поголемо оптоварувањето отколку кога возилото стои. Доколку распределбата на силата на кочење преку притисокот во хидрауличниот систем е фиксно подесена на некоја вредност, тоа значи дека при послаби кочења до предните тркала ќе доаѓа поголема сила отколку што треба и тие ќе пролизгаат пред задните и обратно – при посилни кочења силата што ќе доаѓа до задните тркала ќе биде преголема. Во некои ситуации, како кај мотоциклите на пример, распределбата на тежината при остри кочења може да достигне и 100 отсто на предното тркало. Кај автомобилите нешто сепак останува и за задните тркала, кои при кочење имаат задача и да го стабилизираат возилото, да не му занесува задниот дел. Со балансирањето на силата на кочење се постигнува сите тркала приближно во исто време да дојдат на границата на блокирање, што е значаен придонес за безбедноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *