Tags: ,
И за Lamborghini започнува електричната ера (видео)

Засега плаг-ин хибрид, а утре…

» И Lamborghini влегува во нова електрична ера, засега само хибридна – покрај новиот V12, наследникот на Aventador ќе има уште три електромотори. Сите заедно на новитетот засега само со кодно име LB744 ќе му обезбедат 1.105 коњски сили од кои 825 доаѓаат од 6,5-те литри на новиот агрегат чие црвено поле започнува на 9.500 вртежи во минута. Два електромотора се задолжени за предната оска, така што освен 4×4 способности идниот бик од Сант’Агата Болоњезе ќе има преден погон кога ќе се вози во чисто електричен режим. Новоразвиен е и осумстепениот менувач со двојна спојка кој е сместен попречно зад агрегатот за да се направи простор за литиум-јонските батерии со капацитет од 3,8 kWh. Приклучени на полнач тие се полнат за половина час, а V12 моторот тоа ќе го стори за само шест минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *