Tags: , ,
Mercedes F 200 Imagination (1996) – фото галерија

Моќна најава за втората генерација на CL

» На салонот на автомобилите во Париз во октомври 1996 година Mercedes претстави возбудлив, скоро незамислив концепт на идна визија на автомобил – F 200 Imagination. Многу технологии од него денес се среќаваат во сериските возила. Тоа ја нагласува важноста истражувачите и инженерите постојано да размислуваат за идните возила и да работат на нови технологии и да ги редефинираат можностите и поместуваат границите. Скоро попатно, како негова споредна улога, F 200 Imagination покажа и како би можело да изгледа едно големо и модерно купе, најавувајќи ја на тој начин втората генерација на CL кој дебитираше 1999 година.

Можностите на бројните технологии кои дојдоа со F 200 Imagination и предизвикаа голема сензација лежат во идејата компјутери да го контролираат движењето на автомобилот што ќе резултира со оптимална безбедност на возењето во секоја ситуација. Неговата најуочлива карактеристика е што немаше управувач – возачот го контролираше со помош на палки кои ги имаше три, една на средина и по една на секоја од вратите. Тоа значеше дека тој може да седи на левата или десната страна и да ја користи левата или десната рака, како и дека совозачот може во секое време да го презеде управувањето со возилото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *