Tags: , ,
Renault го „продаде“ својот бизнис во Русија

Цената наводно била една рубља

» Откако некое време се зборуваше за тоа, сега и официјално – групата Renault ги „продаде“ својата фабрика во Москва и учеството што го има во Lada. Наводниците се затоа што цената која не е објавена, наводно изнесувала една рубља. Според договорите, фабриката во Москва е продадена на градските власти, а 67,69-отстотниот удел во AvtoVAZ на институтот за истражување и развој на возила и мотори NAMI. Во нив е вклучена клаузула според која Renault во наредните шест години може да си ја откупи својата сопственост назад. Според финансиските извештаи на францускиот производител, неговиот имот во Русија вреди 2,2 милијарди евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *