Tags: , ,
Mercedes W124 (1984-1997) – фото галерија

Беше и остана поим за квалитет

» Ја имаше најтешката задача што може да се замисли бидејќи требаше да го наследи легендарниот W123 кој ги постави темелите на имиџот на Mercedes онаков каков денес го знаеме. А ја исполни без грешка – неуморно голтајќи ги километрите и беспрекорно носејќи ги годините на своите плеќи стана поим за квалитет, епитет кој го има и ден-денес. Лимузинската верзија на W124 беше претставена пред крајот на 1984-тата, после осум години планирање и развој. Неговата премиера во тоа време беше невиден технолошки скок на повеќе полиња – моторите, процесот на производството, електрониката… Купувачите веднаш го прифатија посебно затоа што имаше за секого по нешто – се нудеше во бројни моторни бензински и дизел варијанти со четири, пет и шест цилиндри, а подоцна и со осум. На лимузинската верзија брзо им се придружија караванот, купето и кабриолетот, а беа пласирани и продолжена изведба со три реда седишта и шасија подготвена за разни посебни изведби. Значајна година беше 1993-тата кога заедно со новата ознака како Е-класа доби и суптилен фејслифтинг. За време на својот животен век Mercedes од сите варијанти на овој модел заедно произведе 2.583.470 примероци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *