Tags: , ,
Škoda Superb I (2001-2008) – видео

Автомобил кој стана синоним за пространост и префинетост

» Superb уште од првиот момент на откривањето на своите линии доста  ветуваше. Големото меѓуоскино растојание од 2.803 mm спакувано во надворешни димензии 4.803×1.765×1.469 mm гарантираше повеќе од доволен простор за патниците и нивниот багаж. Автомобилот кој по многу што ќе остане запаметен можеше да се пофали како прв воопшто од чешка гама кој се нуди со доживотна гаранција за мобилност. За сопствениците тоа значи дека ако имаат проблем на пат возилото бесплатно ќе им биде однесено до овластен сервиси и ако е потребно ќе им биде понудено заменско возило.

Производството на Superb започна на 1 октомври 2001 година во фабриката на Škoda во Квасини која беше модернизирана со околу 200 милиони евра. Superb беше застапен со три бензински и два дизел мотори во понудата. Четирицилиндричните бензинци беа атмосферскиот 2.0 со 115 KS и 1,8 литарскиот турбо со 150 KS, а шестцилиндричниот 2.8 V6 со 193 KS кој ќе ја истуркаше престижната лимузина од 237 km/h. За економично настроените на располагање беа познатиот 1.9 TDi со 130 KS и шестцилиндричниот 2.5 TDi со 155 KS. Škoda Superb имаше широк асортиман безбедносни додатоци – ABS систем против блокирање на сопирачките со EDS електронска блокада на диференцијалот, ASR систем против пролизгување на погонските тркала, а шестцилиндричните верзии и со ESP електронски систем за стабилизација со помош при кочење. Лимузината ги штитеше патниците со четири стандардни воздушни перници и пар воздушни завеси кои се нудеа по пристапна цена. Достапни беа и биксенон светлата, додека попребирливите купувачи можеа да се одлучат за електрично подесливи и загревани предни седишта, автоматски клима уред и навигациски систем со екран во боја.

Производството на првата модерна генерација во Квасини заврши во март 2008-мата, после седум години за кои вкупно 136.068 примероци се симнаа од монтажните ленти. Освен во Чешка, овој модел се изработуваше и во Кина, Индија, Казахстан, Украина и Босна и Херцеговина. Тој постави добри темели за втората генерација позната по својата иновативна Twindoor задна врата. Понудата беше дополнета и со караван и успехот не изостана – до 2015-тата беа направени вкупно 618.490 примероци. Со третата генерација на моделот Škoda уште еднаш го подигна нивото во поглед на издашниот простор, а голема грижа беше посветена и на екологијата и воведувањето иновативни системи за помош. Моментално актуелна е четвртата генерација претставена 2023-тата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *