Tags: , ,
Hyperion XP-1: Хиперспортист на водород (фото-галерија)

Место годинава, ќе дојде догодина

» На почетокот на пандемијата калифорниската компанија Hyperion Motors го претстави високотехнолошкиот и еколошки беспрекорен концепт со ознака XP-1, кој освен стравичниот изглед пленеше и со својот водороден погон. На него според зборовите на компанијата екипа од двесте инженери цела декада имаат интензивно работено со несебична помош од NASA, заради што со гордост истакнуваа дека претставува плод на врвна вселенска технологија. Првичните спецификации јасно го откриваа неговиот карактер: забрзување до 100 km/h за 2,2 секунди, максимални 355 km/h и автономија со едно полнење водород од неверојатни 1.600 километри. Беше најавено дека како сериски модел ќе се појави годинава, но оттогаш досега не се слушна ни збор за него.

Компанијата сега, пофалувајќи се дека ќе се сели во нов развоен и производствен центар во Охајо вреден 300 милиони долари, кажа дека треба да го очекуваме идната 2023 година. Цената повторно не ја соопшти, иако нема да биде мала. Планирано е производство на вкупно 300 примероци кои во себе ќе содржат големи количини композитни материјали, кевлар и титаниум. На масовната употреба на овие скапоцени материјали јасно укажува и вкупната тежина на Hyperion XP-1 од точно еден тон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *