Tags: , ,
Porsche 919 Street (фото-галерија)

Непозната страна на фамозниот тркачки модел

» Porsche 919 Hybrid три пати едноподруго од 2015-тата до 2017-тата година ги освои 24-те часа на Леман, а посебно остана запаметен по неверојатниот митски круг кој Нирбургринг дотогаш го немаше видено. Тоа беше повеќе од доволно откако марката најави заминување од трките во нејзините развојни одделенија да се роди идеја овој модел својата успешна приказна да ја заокружи со ограничено посебно издание. Наречен 919 Street, тој требаше да биде поставен на основите на постоечките технологии, ветувајќи им на тој начин на возачите аматери возбудливо искуство на возење тркачки автомобил. Каросеријата од јагленороден монокок и силниот хибриден погон од 900 KS секако ќе имаа големо значење за тоа.

Беше направена една макета на која верно беа пренесени цртите на тркачкиот модел, а и димензиите и меѓуоскиното растојание беа задржани. Но времето за развој беше прекратко. Можеше да се пласира во ограничена серија без хомологација за употреба во редовен сообраќај, но проблем направи тркачката технологија со високи перформанси која беше исклучително сложена – на механичарите им требаа околу 45 минути само да го стартуваат моторот пред трка. За да се оствари  идејата 919 Street да стане реалност требаше да се организира тим на „летечки“ техничари кои ќе ги обиколуваа патеките ширум светот таму каде и тогаш кога сопствениците на овој болид ќе сакаа да го провозат. Така идејата да се понуди победникот на Леман на приватни купувачи остана само убав сон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *