Tags: ,
Исконски порив или…

Едноставното секогаш е најдоброто решение

» Поедноставно возило на тркала од скејтборд не постои. Токму овој факт го користат инженерите за развој на шасиите за електричните возила. Ништо поедноставно и не може да се замисли, а обликот на коросериите што потоа се надоградуваат зависи само од инвентивноста на дизајнерите.

На почетокот на равојот на возилата на струја се користеа постојните платформи од автомобилите кои користеа класични мотори на фосилни горива. Од овој пристап на почетокот не отстапуваше ниту Tesla, кој за развој на својот Roadster ја употреби посотечката шасија од Lotus Elise. Набргу се покажа дека овој систем тешко може да ги искористи сите предности на електричниот погон, па за развој на Model S конструкторскиот тим предводен од Франц фон Холцхаузен и Жером Гуилен тргнаа од бел лист хартија. А сега во фокусот беше дизајнот на скејтборд. Тоа подразбира сместување на сетот батерии во подницата и електромотор вграден на средина на задната оска. Прилично едноставно и ефикасно решение кое ќе се покаже и доволно флексибилно за да може да послужи како основа за вградување на по еден електромотор на двете оски.

Тоа пак значеше подобрување на возните особини овозможени од интегралниот погон. Каросериските доградби на оваа платформа зависеа само од имагинацијата на дизајнерите. Во секој случај, одличните возни својства кои се должат на ниското тежиште овозможено од вградување на релативно тешките батерии во подницата, даваат многубројни можности. Во истиот тој правец размислуваат и повеќето останати светски производители кои со вложување на големи средства развија посебни шасии исклучиво за електричните возила. Но, на пример PSA групацијата нуди цела серија возила кои можат да користат бензиски или дизел мотори, но исто така и само електромотори. Примерот на технолошките близнаци Peugeot 208 и Opel Corsa е доста илустративен. Неколку години пред нив Hyundai употреби идентична стратегија нудејќи го Ioniq како хибрид, плаг-ин хибрид или како чисто електрично возило.

Во суштина говориме за два типа на шасии: едните се исклучиво наменети за електрични возила (Tesla, Volkswagen, Mercedes, алијансата RenaultNissanMitsubishi, BMW…), а наспроти нив стојат гореспоменатите „универзалци“. Дали во иднина сите ќе го прифатат „скејтборд“ системот или пак ќе продолжи конструирањето на универзални платформи како економски поисплатлива опција, останува времето да покаже.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *