Tags: ,
Audi има ново лого (видео)

Сé уште со четири прстени

» Во духот на дигитализацијата и електрификацијата, Audi има ново лого. Се разбира сé уште е со четири прстени, но сега модернизирани. Изгледаат малку поинаку, дводимензионално и едноставно рамно, без 3-Д ефектите и градиентите кои до пред некоја година беа во мода. Од Audi велат дека новото лого подобро лежи на дизајнот на марката кој се развива и дека подобро изгледа во дигиталниот свет. Откажувањето од хромираниот изглед донесе црно-бела комбинација со остар контраст кој ги нагласува прстените. Заедно со логото се смени и фонтот кој Audi ќе го користи, со кој е испишано името на марката на централниот столб и на други места.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *