Tags: ,
Првиот заеднички електромобил на Ford и VW ќе биде SUV

Уште еден електричен SUV на Ford

» Откако во 2019 година се договорија за соработка, постојано се претпоставува каков би бил првиот модел на Ford во Европа кој ќе ја користи електричната архитектура на Volkswagen. Едно време се мислеше дека тоа ќе биде „преоблечен“ ID.3 по што се појавија информации дека Ford размислува и за втор модел, кој, нормално, би бил SUV. Сега пак работите се свртеа – според најновите (непотврдени) вести првиот електромобил на Ford во Европа ќе биде SUV. За него ќе биде искористена продолжената верзија на Volkswagen-овата MEB платформа која се среќава кај ID.4.

Позициониран под Mustang Mach-E, дизајнерски значително би бил различен од него но сепак американското наследство ќе биде искористено. Тоа го потврди шефот на европската филијала на Ford Стјуарт Роли, чии зборови британскиот Autocar се обиде да ги визуелизира со овој рендер. Искрено, не веруваме дека вака ќе изгледа, но сепак треба да почекаме до идната година кога ќе биде претставен. Почетокот на продажбата му е планиран за 2023-тата, но не се знае под која ознака. Ќе се произведува во фабриката во Келн која Ford со инвестиција од милијарда долари ќе ја трансформира во центар за електрични возила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *