Tags: ,
Балоко тест центарот на Stellantis (видео)

Место каде сé започнува

» На северозападот на Италија, меѓу Милано и Торино, се наоѓа малото местенце Балоко кое  има само пар стотина жители, кое на автомобилската мапа го има ставено тест центарот на Stellantis. Изграден во ’60-тите години за потребите на Alfa Romeo и постојано дополнуван, денес на во него се одвиваат и по 200.000 часа тестирања годишно. Се простира на околу 6 квадратни  километри и располага со вкупно 26 различни патеки долги околу 80 километри, со повеќе од 50 различни видови површини. Главната патека е инспирирана од патеките на кои се вози формула 1 и поседува реплики од најпознатите свиоци од нив. На другите патеки може да се испитува сé што треба за развој на еден нов автомобил – од возење со големи брзини до однесување на лизгави површини, така што на неа можат да се симулираат десет години нормално користење на автомобилот за само пет месеци. За обемноста сведочи и тоа што во комплексот има осум пумпи за гориво и повеќе сервиси за миење на возилата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *