Tags: , , , ,
Volkswagen ID.6 и официјално (видео)

Пристигна и третиот електричен Volkswagen

» Но само во Кина и за Кина – иако Volkswagen на ID.6 му даде глобално внимание, тешко е дека ќе го видиме и во Европа, барем засега. Пазарен простор има, но челниците на групата прво треба да решат дали ќе го произведуваат тука за што треба да имаат слободни капацитети, или пак ќе го увезуваат од Кина, што претставува голем чекор за марката. Како и да е, тоа не е пречка да се запознаеме со овој семеен SUV со три реда седишта направен на истата MEB платформа како и ID.3 и ID.4, од кои е значително поголем – долг е 4,88 и има меѓуоскино растојание од 2,97 метри. Тоа му дава пространа и варијабилна внатрешност пополнета со доста модерна електроника со чија помош комплетно се исфрлени копчињата. Доаѓа со три различни нивоа на моќност – од 180, 204 и 306 KS и два пакета батерии, од 58 или 77 kWh, кои според кинеските норми му обезбедуваат автономија меѓу 436 и 588 km. Интересен факт е што Volkswagen ќе го произведува ID.6 во две верзии доозначени со X и Crozz, во две различни фабрики со двајца свои кинески партнери – SAIC и FAW.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *