Tags: , ,
Фасцинантни концепти: Mercedes EQ Silver Arrow (2018) – фото галерија, 2*видео

Електрична сребрена стрела

» Непосредно пред претставувањето на првиот свој сериски електричен модел, на култното собирање на најексклузивните автомобили во калифорнискиот Пебл Бич Mercedes настапи со концепт болидот на електричен погон ЕQ Silver Arrow, футуристичка реплика на славниот W125 Rekordwagen со кој во 1938-тата Рудолф Карачола на автопат постигна 432,7 km/h. Неговата флуидна каросерија е изработена од алуминиумска и карбонска структура. Двата електромотора за погон на предните и задните тркала со вкупно 750 KS кои се напојуваат со пакет литиум-јонски батерии со капацитет од 80 kWh, во нормални возни услови ќе му обезбедат автономија од 400 km. Композитните тркала со специјални пневматици со димензии 255/25 R 24 напред и 305/25 R 26 назад кои имаат низок отпор на тркалање и висока топлинска и механичка отпорност обезбедуваат добро прилепување за брзини од 400 km/h колку е подготвен да постигне, притоа до првите 100 km/h катапултирајќи се за 2,1 секунда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *