Tags: ,
Aston Martin DB2 (1950-1953)

Првиот од многуте DB модели

» Ја носеше ознаката DB2 но всушност беше прво дело на Дејвид Браун по преземањето на Aston Martin. Настана како наследник на Two Litre Sports (кој по претставувањето на DB2 беше реименуван во DB1) и во основа беше негова унапредена верзија. Првите три прототипи беа направени во 1949 година и учествуваа на 24-часовната трка во Леман. Успехот изостана, но вниманието беше привлечено, посебно со вториот нивни настап после еден месец на трката 24 часа Спа. Две од возилата го имаа дволитарскиот четирицилиндричен мотор од Two Litre Sports, а едно беше опремено со 2,6 литарски шестцилиндричен агрегат од Lagonda, која Дејвид Браун ја купи истовремено кога и Aston Martin. Токму тој го најде патот до серискиот модел кој беше претставен во 1950 година, со 105 KS во основната верзија и 125 KS во спортската Vantage изведба. На почетокот беше достапен само како купе со две седишта, но доста бргу беше подготвена и отворена верзија. Солидните перформанси (максимална брзина 188 km/h, забрзување до 96 km/h за 11,2 секунди) кои ги имаше благодарејќи на лесната алуминиумска шасија придонесоа за задоволувачка продажба – до 1953 година беа направени 411 примероци, од кои една четвртина кабриолети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *