Tags: , ,
VW најави електричен автомобил за 20.000 евра

Нов народен автомобил

» За почеток две битни информации, една добра друга лоша. Добрата е дека овој мал градски електричен автомобил на Volkswagen треба да чини 20.000 евра, а лошата дека на него ќе чекаме до 2025 година бидејќи дури тогаш ќе се создадат сите услови за негово пазарно лансирање. Како и да е, концептот со ознака ID.Life ќе ја смени стратегијата на VW и забрза неговата електрична револуција. При неговото конструирање се запазени основните постулати од легендарната Буба – едноставноста и минималистичкиот настап. Тоа впрочем е лесно видливо од изгледот на надворешноста и внатрешноста од кои отсуствуваат било какви комплицирани стилски зафати. Сепак, дизајнерите отишле малку подалеку и го замислиле со платнен покрив со специфични воздушни комори.

Од техничка страна, тој ќе ја користи постоечката MEB платформа, но дебело модифицирана бидејќи ќе има погон на предните тркала. Електромоторот во концептот има моќност од 234 коњски сили, но тоа засега ништо не значи, бидејќи за три-четири години многу нешта ќе се сменат. Истото важи и батериите со капацитет од 57 kWh кои обезбедуваат поминување од 400 km. Но сепак фактот дека до 2030 година Volkswagen сака 70 отсто од возилата што ќе ги продава во Европа и 50 отсто во Америка и Кина да бидат електрични, многу значи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *