Tags: , , ,
Aston Martin DB2/4 (1953-1957) – видео, фото галерија

Со малку измени до поголем успех

» Согледувајќи поголеми пазарни можности, во 1953 година Aston Martin како замена за DB2 подготви неговата верзија со 4 (всушност 2+2) седишта со што тој стана гран-турер, неинвентивно но доволно сугестивно означен како DB2/4. Димензиите на возилото останаа идентични, а просторот назад беше добиен со намалување на резервоарот. Изменети беа и ветробранското стакло кое беше од еден дел, светлата беа поместени погоре а браниците поголеми. Сето ова со новата линија на покривот повеќе им се допадна на купувачите, кои беа задоволни и со 2,6 литарскиот мотор од Lagonda со 125 KS. Тој веднаш по лансирањето беше заменет со 2,9 литарски со 140 KS и продажбата експлодираше. Купувачите повторно можеа да бираат и меѓу купе и кабриолет со две седишта, а од 1955 година и мотор со 165 KS. За пет години беа произведени 764 примероци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *