Tags:
Денешниот ден во ретровизор <br/>10 ноември 1903 година

Автомобилските бришачи ги има измислено жена!

» При една своја посета на Њујорк зимата 1902 година, Мери Андерсон од Алабама возејќи се во трамвај на лошо време забележала дека возачот има проблеми со видливоста. Стаклото на трамвајот било направено од два дела за возачот да може да го отвори и со раката да го избрише, а понекогаш морал дури и да застане за тоа. Идејата ѝ дошла сама по себе и после некое време веќе имала функционален прототип на бришач на ветробранското стакло. Иако ова не е прв таков уред во историјата, нејзиниот бил навистина функционален. Направен бил од дрво и гума и опремен со рачка за задвижување од внатрешната страна на стаклото, пружина која го враќала бришачот назад во почетната позиција и тег кој го држел притиснато до стаклото што го бришел. Плус на тоа можел и да се демонтира кога немало потреба од него. Таа за него поднела барање за патентирање во јуни 1903-тата кое ѝ е одобрено на денешен ден истата година, ама не заработила скоро ништо – го понудила на неколку места но била одбиена со образложение дека уредот нема практична вредност, а некои дури и сметале дека тој ќе им пречи на возачите и ќе биде причина за предизвикување судари. Бришачите стануваат интересни за автомобилската индустрија дури откако важноста на патентот после 17 години истекла.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *