Tags: ,
Aston Martin DB1 (Two Litre Sports) 1948-1950

Предодреден за Џејмс Бонд

» Кога во 1947 година Сер Дејвид Браун го купи Aston Martin, мораше да започне од нула – возила практично не се произведуваа, а со завршувањето на втората светска војна побарувачката за авионски компоненти драстично се намали. Како стартна позиција за враќањето на славното име на автомобилската мапа на Велика Британија беше искористен концептот Atom од пред втората светска војна со кој Aston Martin испитуваше нови технологии при конструирањето на автомобилите – беа поднесени барања за регистрирање на вкупно 27 патенти применети на него. Всушност се зборува дека Дејвид Браун одлучил да го купи Aston Martin после возењето на овој прв во Европа и втор во светот концептен автомобил.

Како и да е, првиот повоен модел на Aston Martin беше изведен од него, набрзина направен со модификации на шасијата и друг мотор. Беше наречен Two Litre Sports што јасно кажува дека имаше дволитарски мотор со 90 коњски сили и дека беше наменет за спорт. Затоа и прототипот на овој модел своето прво појавување го имаше на трката 24 часа Спа во 1948 година каде победи. Веднаш после тоа возилото беше обновено и заедно со уште еден примерок изведен како родстер со класична а не тркачка каросерија беа изложени на салонот на автомобилите во Лондон. Публиката беше одушевена, но високата цена ги растеруваше заинтересираните купувачи заради што за две години беа направени (и продадени) едвај 15 примероци.

После претставувањето на DB2 кој беше негов наследник, ознаката на овој модел ретроактивно е променета во DB1.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *