Tags: ,
Се продава F1 болид на Renault (видео)

Идеален новогодишен подарок

» Тимовите од формула 1 од време на време се решаваат од вишокот непотребна опрема со нејзина распродажба – вклучувајќи и вистински болиди. Така на списокот за годинава се најде и Renault RS 16 во боите од ланската сезона, со комплетна опрема. Дека оваа посластица е оригинална гарантира самиот тим, притоа наведувајќи дека овој болид како целина никогаш нема учествувано на ниту една трка, но деловите од кои е составен да. Продажбата се одвива преку аукциската куќа F1 Authentics, а кој ќе сака да се почести со ваков идеален новогодишен подарок да не го чека Дедо Мраз, оти аукцијата ќе биде затворена во понеделник навечер. До моментот на пишување на овој текст беше постигната цена од 40.300 фунти – кликнете тука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *