Tags: ,
Во Норвешка 83,7 отсто од новите возила се електрични

Електричните возила веќе владеат во Норвешка

» Според официјалните податоци, во Норвешка во јануари се продадени 7.957 автомобили, што е намалување за 22,8 отсто во однос на истиот месец лани. Но она што е значајно е дека 6.659 од нив се електрични, што значи дека нивното учество на пазарот изнесува дури 83,7%. Ваквата структура придонесе меѓу првите 20 само еден модел да не е електричен, туку плаг-ин. Инаку, дополнителни 6,8% од продадените возила се со оваа технологија. Сé на сé само 175 бензински и 212 дизел возила кои во јануари стигнале до новите купувачи во Норвешка. Место заклучок ќе додадеме дека минатиот месец во земјата се увезени точно 1.000 половни возила. Од кои 78,3 отсто електрични.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *