Што е дедионова оска?

Зависно ослонување со особини на независно

» Дедионовата оска е напредна изведба на задно ослонување со крут мост чии особини се унапредени со предностите на независното ослонување. Задните тркала се поврзани со крута врска но се одвоени од диференцијалот кој е прицврстен на каросеријата. Погонската врска се остварува слично како кај современите независни ослонувања, со полувратила и хомокинетички зглобови од секоја страна. Главната предност му е што се намалуваат неослонетите маси и ризикот од потскокнување на тркалата на нерамен асфалт. Покрај тоа на нормален пат бочниот нагиб на тркалата не се менува. Најмногу го има користено Alfa Romeo, но во последно време скоро и да не се среќава – еден од ретките модели кој го има е Renault Twingo.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *