Tags:
Најбрзо направениот пат на сите времиња (видео)

Брзо, евтино, ама со краток век на траење

» Во регионот Мура недалеку од Перт, Австралија, направена е комплетна санација на пат која чинеше само 443.000 долари. Но она што го предизвика вниманието на јавноста е ова видео на кое се гледа како течеше неговата рапидна изградба – за само два дена беа завршени скоро пет километри! Овој необичен начин на изградба на патишта се вика chip-seal и постои скоро цел век. Прво на подлогата се нанесува тенок слој на течен асфалт, а после тоа (со камиони кои возат наназад) се посипува чакал. Но треба да се знае дека патишта направени на овој брз и евтин начин не траат долго и не се погодни за места со многу падавини и мраз.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *