Tags: ,
Во Невада можете да поминете и на црвено

Но само со велосипед, мотоцикл или трицикл

» Американските закони понекогаш се многу чудни. Еден од таквите дефинитивно е и законот за безбедност во сообраќајот во сојузната држава Невада кој дозволува на велосипедите, мотоциклите, трициклите и другите слични мали возила да поминат и на црвено светло на семафор. Причината е што семафорите користат сензори за детектирање на возила и ако нив ги нема, не го палат зеленото светло на тој дел од крстосницата. Но овие сензори понекогаш не можат да ги детектираат помалите возила како што се наведените, така што законодавецот за нив предвидел можност неказнето да поминат на црвено, но само ако и после два целосни циклуса не им се запали зелено светло и ако ги пропуштат сите други возила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *