Tags: , ,
Сурфање на интернет додека се вози

Најопасното дејствие против безбедноста!

» Најпрво да ја повториме тезата која ја застапуваме: користењето на мултимедијалните системи (со функции кои се командуваат преку екрани на допир) е опасно дејствие кое сериозно ја загрозува безбедноста (прочитајте повеќе тука). Потврдата на оваа теза доаѓа од британската агенција за безбедност на патиштата IAM RoadSmart која е формирана во 1956 година, а на Островот ужива висок углед и репутација.

Од спроведената обемна студија ќе се задржиме само на неколку факти: ако при возење го користиме екранот на допир, се случуваат интервали подолги и од 15 секунди кога воопшто не гледаме на патот. Колку за споредба, во случај на алкохолизираност на возачот од 0,8 промили (толку е дозволената граници во Британија) реакцијата на возачот е за 12% поспора. Консумирањето на канабисот ја успорува реакцијата за 21%, пишувањето пораки за 35%, додека разговорот преку мобилен за 46%. И сега внимавајте: користењето на мултимедијалниот систем го продолжува времето на реакција за 53 до 57%!

Што значат овие бројки за безбедноста на сообраќајот излишно е да се коментира. За да состојбата биде уште поалармантна, сурфањето на интернет при возење не е забрането со закон во ниту една земја. И сето тоа во време кога веќе и не постои нов модел со централен гребен на чија средина не се кочепери екран чувствителен на допир со безброј конективни можности и функции. За да се стави крај на оваа крајно опасна појава, не е доволно само да се воведат санкции (настрана што откривањето на користење на мултимедијалните системи е моше тешко изводливо), туку е потребна широка акција за едукација на возачите. И укажување на последиците, секако! Свој придонес би можеле да дадат и осигурителните компании кои ако со експертиза при сообраќајни незгоди окријат корисење на уредите, можат едноставно да ги поништат сите бонуси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *