Ретки се, но многу помагаат
» Мал е бројот на автомобили кои можат да се добијат со дигитални ретровизори – нивното масовно воведување го спречуваат законските прописи. Сепак неспорен е фактот дека имаат големи предности над класичните. Претставуваат револуција во безбедноста и ергономијата и дефинитивно е дека на класичните ретровизори, странични и внатрешни, деновите им се одбројани иако тоа може ќе трае подолг низ години. Комбинацијата на камери со висока резолуција и LCD монитори има повеќекратни предности. Се обезбедува значително подобар преглед на околината од страна и зад возилото без да се скршнува погледот, а се намалува и отпорот на воздухот. Видливоста посебно е подобрена во лоши услови – ноќе, магла, дожд… Возачот може да бира широк или подетален преглед, како и перспективата. Дигиталниот внатрешен ретровизор е доста покорисен и кај комерцијалните возила, кои заради товарниот сандак не може да имаат класичен ретровизор.