Tags:
Што е мекферсон ослонување (2*видео)

Најчесто користен тип на ослонување

» За ослонување на тркалата кај автомобилите се користат водечки, еластични и придушни елементи. Водечки елементи се рамењата и зглобовите, еластични пружините, а придушни амортизерите. Бидејќи сите тие поединечно заземаат простор, американскиот инженер Ерл Мекферсон дошол на идеја да ги обедини во еден склоп, наречен во негова чест. Карактеристично за него е што пружината е обвиткана околу амортизерот чиј горен крај е прицврстен за каросеријата а долниот за попречното раме. Целиот склоп служи како просторна (надолжна, попречна и вертикална) водилка, овозможувајќи постигнување на оптималната геометрија на тркалата и потребната управувачка прецизност, со што дополнително се подобруваат својствата на ослонувањето. Покрај тоа што е едноставно, мекферсон ослонувањето е и евтино за изведба и конструкција, со што претставува добра комбинација на сите важни својства. Заради тоа ослонувањето на современите автомобили не може ни да се замисли без овој склоп. Проблем е што вградувањето кај задните тркала одзема од просторот на багажникот, заради што назад подеднакво често се користи концепцијата со одвоени пружина и амортизер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *