Tags: , ,
Дали знаевте дека Aston Martin во 2020-тата има направено 25 примероци од DB5 (2*видео)

Најпознатиот автомобил на Џејмс Бонд

» Како дел од својата специјална програма наречена Continuation, Aston Martin во 2020-тата година направи 25 примероци од легендарниот DB5. Овој најпознат автомобил на Џејмс Бонд но воопшто и во светот на филмот за прв пат се појави во 1963-тата, за наредната да дебитира и на големото платно во рацете на тајниот агент во филмот Голдфингер. За него тој беше опремен со низа специјални додатоци, како што се ротирачки регистарски таблички, димна завеса, систем за истурање масло на патот, заден штитник од куршуми и друго. Интересно е и што новопроизведените примероци на DB5 ги имаат, од кои некои и функционални, исто како во филмот. Производството се одвиваше во Њупорт Панел, во истата фабрика како и оригиналниот модел. За што поголема автентичност, секаде каде беше можно се користени истите компоненти и нивните производители како и во шеесеттите години. Моторот е четирилитарски шестцилиндричен со 290 KS, а менувачот петстепен мануелен. Сите 25 автомобили кои се продадоа за 2,75 милиони фунти секој иако не можеа да се регистрираат, беа лакирани во оригиналната сребрена боја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *