Осум финалисти во трка за 26-тата титула
» Националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија ги одреди финалистите кои ќе бидат во конкуренција за титулата.
Citroen C4
Land Rover Defender
Nissan Juke
Peugeot 2008
Seat Leon
Škoda Octavia
Toyota Yaris
Volkswagen Golf
Според однапред утврдената динамика следуваат и во тек се деталните запознавања со финалистите. Прогласувањето на победникот ќе биде на крајот од месецов. Покрај наградата „Автомобил на годината во Македонија“, националното жири кое по 26-ти пат го организира овој единствен национален избор ќе ги додели и признанијата:
SUV на годината
„Томислав Биљарац“ – признанието за посебни достигнувања во автомобилската индустрија
EV на годината – признание на модел кој ќе донесе најмногу новитети во однос на електрификацијата.