Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>17 април 1964 година

Еден од најголемите автомобилски феномени

» Кога на 17 април 1964 година се запалија рефлекторите на салонот на автомобилите во Њујорк, Ford Mustang ја шокираше јавноста. Ниту еден автомобил во американската историја не предизвикал толку восхит и симпатии. Спортистите, политичарите, трговците, вистинските познавачи и домаќинките – сите беа сложни дека се роди нова ѕвезда. Во стампедо поитаа во продажните салони кои веќе беа снабдени со новитетот бидејќи Ford започна да го произведува Mustang еден месец пред тоа – во тек на првиот викенд четири милиони Американци ги разгледаа изложените примероци. Новинарите кои објавија 2.600 вести за овој еден од најголемите автомобилски феномени, забележаа бројни примери за еуфоријата што ја создаде. Така, во Тексас еден купувач сакаше да преспие во резервираниот автомобил додека не стигне потврда дека неговиот чек со кој сакаше да го плати има покритие, а во Сиетл возач на камион поминувајќи покрај салонот на Ford се загледа во новиот Mustang и удри во излогот. Првиот ден беа продадени 22.000 возила, но бидејќи Ford немаше ни оддалеку толку на залиха (побарувачката за 15 пати ја надмина понудата), беа организирани лицитации и лотарии, а пред доста продажни салони полицијата создаваше ред. Сé на сé, Ford место планираните 100.000 првата година продаде 419.000 примероци од Mustang, а за 18 месеци цел милион.

Тоа е приказната за легендарниот американски пони кој го смени светот на спортските автомобили.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *