Tags: ,
Зошто камионите имаат подигнати тркала?

Дали знаете зошто камионите возат со подигнати тркала?

» Камионите, обично оние кои се наменети за тешки градежни работи, понекогаш возат со подигнати тркала на една оска. Причини за ова, и тоа добри, има неколку. Камионите вака возат кога се празни или пак малку натоварени. Со подигнување на тркалата на една оска се подобруваат нивните својства за маневрирање, што е сосема јасно, но важно е и тоа е дека се подобрува тракцијата за извлекување од лизгав терен. Имено, бидејќи целата тежина назад место на две се пренесува на една оска, се зголемува силата со која камионот притиска на подлогата а со тоа и максималната сила која погонските тркала можат да ја пренесат. На уреден пат, пак, се намалува потрошувачката на гориво а истовремено се штеди и механиката – тркалата на подигнатата оска не се вртат со што не се трошат ниту гумите, ниту кочниците, ниту пак лагерите и сите други механички или погонски делови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *