Tags: , ,
Kia Stonic во GT Line изведба достапен и во Македонија

Уште една провокација од Kia

» Kia одамна престана да биде марка каква ја паметиме од нејзините почетоци во Европа. Таа сега е марка која на своите клиенти им нуди она што не можат да го најдат на друго место. Најнов доказ за тоа е Stonic во GT Line изведбата инспирирана од спортот, конкретно од моќните GT модели на Kia – Stinger, Ceed GT и ProCeed GT. Ова се манифестира со разликите на предниот и задниот браник. Предниот браник е со интегрирани ЛЕД светла за магла, три влеза за воздух на предниот дел на автомобилот и метална решетка по долниот раб. Предната маска добива и нова подобрена завршна обработка, додека капачињата на ретровизорите се во високо сјајна црна боја. Понатаму, моделот GT Line е опремен стандардно со нови целосно ЛЕД светла, создавајќи карактеристичен потпис на моделот. Задниот дел има поистакнат заден браник кој се разликува од другите верзии на Stonic, а истиот е дополнет со отвори кои имитираат две издувни цевки и заден дифузер. Посебните 17-инчни алуминиумски тркала кои се добиваат исклучиво во оваа изведба го комплетираат изгледот на Stonic GT Line.

GT Line изведбата и во внатрешноста исто така се разликува и од останатите верзии на Stonic. Најочигледна модификација е облогата со ефект на јаглеродни влакна на таблата, завршница уникатна за моделите на GT Line. Седиштата се со зајакнати страници и се во комбинација од црна ткаенина и кожа со контрастни шевови во бело. Понатаму, во внатрешноста се среќава и различен волан обложен со перфорирана кожа и рамно дно. Во центарот на контролната табла е голем 8-инчен инфо-забавен систем со екран чувствителен на допир што ја подобрува поврзаноста и контролата на возилото. Системот им овозможува на корисниците да поврзат два мобилни уреди истовремено – еден за употреба на телефон, а другиот за навигација. Исто така, најголема новост е безжичната конекција со Apple CarPlay и Android Auto.

Моделот достапен во Македонија е опремен со 1,0 литарскиот T-GDi агрегат кој развива 100 коњски сили и 172 Nm при 1.500-4.000 вртежи во минута, а менувачот е 7-степен DCT автоматски. Новиот Stonic во GT Line ниво на опрема во комбинација со автоматскиот менувач и двобојната каросерија кај нас чини 21.200 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *