Навистина штета што не заживеа овој изум
» Во 2016-тата младата полска компанија Zercado настапи на меѓународната изложба на иновации во Женева каде прикажа прототип од умни ретровизори за мотоцикли. Прилагодувајќи се автоматски на положбата на возачот во текот на возењето, тие ги елиминираат мртвите агли зголемувајќи ја безбедноста. Сопственикот на компанијата до оваа идеја дошол на потешкиот начин – доживувајќи сообраќајна несреќа за која вели дека можел да ја избегне ако неговиот мотоцикл ги имал. Ретровизорите се опремени со мали електромотори со кои ја прилагодуваат својата положба на основа на информациите од телефонот на сопственикот и сензорите вградени во неговата јакна. Очекувано, овој изум привлече големо внимание во технолошки подготвената мото-популација, но наместо да предизвика револуција, преку ноќ го снема – ентузијастите од компанијата што го смислија не успеаја да привлечат доволно инвеститори за да го доведат до сериско производство. Навистина штета.