Tags: ,
Hyundai го затвора развојниот центар за мотори со внатрешно согорување

Hyundai целосно се префрла на струја

» Радикално или избрзано – може да се дискутира за тоа – но во секој случај е храбро решението на Hyundai да стави крај на развојот на моторите со внатрешно согорување. Официјално компанијата молчи за овој чекор, но обично добро информираните корејски медиуми излегоа со доста прецизни податоци за иднината на развојниот центар јужно од Сеул во кој работат 12.000 луѓе. Според нив таму претстои целосна реорганизација со главен акцент на „преквалификацијата“ на инженерите кои досега ги развиваа класичните погонски склопови во тимови за електрификација и развој на батерии. Како поткрепа на ова се наведува и планираната рокада на околу 200 извршни раководители, од кои отприлика една третина во споменатиот развоен центар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *