Треба ли во зима да го намалиме притисокот на воздухот или исклучиме акумулаторот?
Заради ниските температури во зимскиот период треба да ги менуваме своите возачки навики, но не треба да ги слушаме сите совети што ќе ни ги кажат. Некои од нив привидно ќе ни го олеснат животот, но дополнително можат да донесат проблеми. Пример за она што на зима никако не треба да го правиме е да ги отвораме замрзнатите прозорци. Голем дел од нас во брзање тоа го прават за да се исчистат од утринскиот мраз, но тоа не е добро и паметно бидејќи може да се оштети електромоторот. Стаклата пред тргнување треба да се исчистат рачно, со стругалка за мраз, а ако треба да се отворат тоа треба да се направи дури откако кабината ќе се загрее.
Лош совет е и исклучувањето или вадењето на акумулаторот – не живееме во Сибир за да го правиме тоа. При екстремен студ тоа навистина ќе помогне акумулаторот да се заштити, но со неговото исклучување алармот може да направи проблеми, аудио системот да се деактивира, па дури и да се загубат некои податоци од компјутерот на возилото. Меѓу другите работи што не треба да ги правиме е и да се намали притисокот на воздухот во пневматиците, кој на ниски температури секако сам се намалува. Тоа можеби и функционираше со дијагоналните пневматици, но кај радијалните нема премногу смисла, освен можеби во екстремни ситуации на подлога со многу напаѓано мек снег и при ниски брзини до 50 километри на час. Но после излегувањето на почист асфалт тој треба да се врати на нормалното бидејќи прилепувањето на подлогата ќе биде послабо, автомобилот ќе троши повеќе гориво и ќе биде понестабилен, а и пневматиците ќе се трошат непотребно.