Колкав проблем е ако дизел мотор работи на три цилиндри

Веднаш во сервис!

» Ако турбо дизел мотор со четири цилиндри, какви што се најчесто, работи на три цилиндри очигледно има дојдено до голема истрошеност на виталните делови на моторот. Состојбата на цилиндрите и клипните најдобро може да се оцени со мерење на притисокот на компресија – ако моторот е во добра состојба тој треба да биде поголем од 30 бари во сите цилиндри поединечно, додека минималната граница на прифатливост кога тој колку-толку сé уште добро работи е 27 бари. Истрошеноста по правило е нерамномерна, повеќе во вториот и третиот отколку во првиот и четвртиот цилиндар. Ако притисокот на компресија во некој од цилиндрите е понизок од 25 бари, може да се смета дека тој е мртов.

Цилиндарот ќе испадне од функција и ако во него навлегува разладна течност цилиндар, што најчесто е последица на оштетена заптивка на главата на моторот, а понекогаш и заради пукање на самата глава. Причина за нефункционирање на цилиндарот може да биде и неисправна бризгалка која не вбризгува потребна количина горива и во потребниот ритам. Сето наведено бара поголем зафат на моторот, со вадење на главата. Ако е дојдено до истрошеност на цилиндрите потребна е генерална поправка – ремонт. Сепак пред да се одлучите за тоа потребно е да се измери и натпритисокот на турбо компресорот кој треба да биде минимално 0,7 бари. Имено, лошата работа на моторот може да биде поврзанана и со дотраен односно неисправен турбо компресор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *