Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>22 декември 1960 година (видео)

Автомобилот што ја моторизираше Велика Британија

» На денешен ден 1960 година беше произведен милионитиот примерок на Morris Minor, aвтомобилот што ја моторизираше Велика Британија. Се произведуваше од 1948 до 1975 година, но него започна да се работи во ’41-вата – иако беа воени времиња идејата на компанијата беше да подготви прифатлив автомобил за широките народни маси кога мирот ќе дојде. Во неговото креирање учествуваше младиот и надежен дизајнер Алек Исигонис, кој употреби неколку технички напредни решенија помагајќи му на моделот да остане во живот толку долго време со неколку генерациски серии и повеќе верзии. Популарноста му беше голема и надвор од границите на Обединетото Кралство – се произведуваше уште и во Ирска, Малезија, Тајланд, Австралија и Нов Зеланд. Вкупно беа направени 1.619.958 примероци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *