Кондензација и влага (видео)

Тивкиот непријател на автомобилот

» Влажните стакла во внатрешноста на автомобилот посебно се чест проблем во зимските месеци, но возачите не се поштедени ниту во другите годишни времиња. Секој од нас со тоа се справува на сопствен начин, најчесто со вентилацијата, а поретко со крпи, сунѓери или кујнски бришачи. И веднаш потоа престануваме да размислуваме зошто во автомобилот се јавува влага. За да се најде најдобриот начин да се реши овој проблем треба да се најдат причините за него.

Кондензацијата се јавува во ситуации кога постои разлика во температурата и влажноста на воздухот во возилото и надвор од него, односно наједноставно кажано кога студена подлога (на пример стаклата) ќе дојдат во допир со влажен и/или топол воздух. Во пракса тоа најчесто се забележува кога во студен автомобил во зима ќе влезат патници – воздухот што  го издишуваат е доста потопол во однос на внатрешноста на возилото и стаклата доста брзо ќе се замаглат. Но кондензацијата во автомобилот може да се појави и без патници во него, што укажува на тоа дека постои некој друг извор на влага. Тоа е случај ако оставите некое мокро парче облека, после дожд на пример, или пак ако теписите намокрени од снегот што сте го внеле на обувките не се добро исушиле. Во ваков случај сé е јасно – изнесете ги од возилото мокрите предмети, а потоа исушете ги стаклата. Најбрзо и наједноставно секако е со користење на клима уредот, кој освен што лади и грее, ја извлекува и влагата од воздухот. Секој клима уред има посебно копче за одмаглување.

Но ако има влага во возилото, најважно је да се откријат сите траги од неа, а потоа и причините. Замаглените стакла се гледаат, но не и влагата под патосниците, на пример. Или пак во багажникот под резервното тркало. Ова по правило се најниските делови од возилото и таму најчесто се собира водата ако од некаде навлегува во автомобилот, посебно ако тој е постар. Истото важи и за ситните пукнатини на светлата. Од влагата, освен што ќе кородира лимаријата, можат да настрадаат и други уреди – електричната инсталација или дел од електрониката. Главоболките што ќе се јават можат да се спречат само на еден начин – да се реши проблемот со навлегувањето на влага.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *