Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>23 декември 1997 година

Симбол на пропаѓањето на британската автомобилска индустрија

» На денешен ден 1997 година згасна автомобилот кој стана своевиден симбол на пропаѓањето на британската автомобилска индустрија. Беше претставен 1980-тата како Austin Mini Metro, за со текот на годините како последица на турбуленциите низ кои поминуваше британската автомобилска индустрија неколку пати да ги менува своите ознаки и животниот пат да го заврши како Rover 100. Неславно, бидејќи освен што лошиот квалитет и големиот број дефекти неповратно му ја нарушија репутацијата, тој летото ’97-мата покажа катастрофални резултати на EuroNCAP тестирањата, по што Rover беше принуден да го прекине неговото производство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *