Tags: ,
Volkswagen може да го умре и Golf

Се ближи ли крајот и на владетелот на Европа?

» Трендовите – електрификацијата и SUV-наездата може да му пресудат и на Golf. После Passat, иако само во лимузинската верзија, Volkswagen размислува дали да го умре и владетелот на Европа. За него едноставно во нановото сложување на мозаикот на пазарната понудата можеби нема да има место. Вака аналитичарите кои ги следат движењата во автомобилската индустрија ја протолкуваа изјавата на новиот директор на брендот Томас Шефер кој претпазливо кажа дека одлуката за развој на деветтата генерација на Golf сé уште не е донесена, доведувајќи ја со тоа во прашање иднината на моделот. Доколку навистина е така, тоа би било директна последица на зголемувањата на трошоците за развој на автомобилите со мотори со внатрешно согорување предизвикано од Еуро 7 прописите кои Шефер очекува да ги поскапат возилата за 3.000 до 5.000 евра.

Надеж дека Golf ќе преживее барем уште една генерација сепак постои бидејќи вообичаениот животен век од 7 до 8 години оптимално се вклопува во агендата за забраната за продажба на возила со бензински и дизел мотори во ЕУ од 2035 година. Но што навистина ќе се случи ќе дознаеме во наредните 12 месеци до кога треба да биде донесена одлуката за судбината на Golf IX.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *