Tags:
Денешниот ден во ретровизор <br/>1 декември 1914 година

Сé започна со производство на свеќички

» Многу автомобилски компании и ден-денес ги носат презимињата на своите основачи, но ниту една нема таква семејна основа како Maserati. Основана е во 1914 година од страна на Алфиери, во неа со текот на годините значајни улоги имаа уште четворица од неговите пет браќа. На почетокот компанијата се занимаваше само со производство на компоненти и шасии за други производители. Diatto кој беше еден од нив во 1926 година реши да се повлече од трките оставајќи им на браќата Мазерати веќе започнат проект, кој тие го довршија под свое име. Така настана првиот нивни автомобил Tipo 26.

Трките беа и останаа главна страст на компанијата сé до после втората светска војна, кога во 1947 година беше претставена серијата А6, првиот автомобил на марката кој не беше наменет само за трки. Предодреден да влезе во историјата, Maserati со текот на времето смени многу сопственици но сите до еден ги испочитуваа нејзините корени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *