Tags: ,
Bergkamp SP5E (видео)

Крпење дупки со една рака

» Конструирана да функционира според принципот „сé од едно место“, оваа машина крпач на дупки се карактеризира со висока ефикасност и уште повисока флексибилност во работењето. Со неа ракува само еден човек – возачот на камионот, кој сé завршува од кабината. Смесата за крпење на дупките се сипува со помош на рака на извлекување едноставно контролирана со џојстик и екран чувствителен на допир со која лесно се пристапува до оштетувањата. На овој начин е запазена и одличната прегледност врз работењето, дополнително подобрена со вградените камери. На задниот дел на камионот се монтиран резервоар за асфалт и дводелен 60/40 или 50/50 простор за гранулат со различна големина. Автоматскиот систем за мешање дозволува лесно контролирање на смесата, која може да биде различна за секоја дупка, во зависност од подлогата и големината. Пополнувањето на дупките се врши преку три емулзивни млазници сместени на главата за прскање која осцилира за да овозможи рамномерна дистрибуција на материјалот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *