Tags: , , , ,
Vauxhall Astra Mk1 (1979-1984) – со видео

Го најави пресвртот на марката

» Opel Astra, сега во шестата генерација, го позајми името од својот англиски братучед Vauxhall Astra. Да се потсетиме малку на моделот кој прв го понесе тоа име, кај нас добро познат како Kadett D.

Појавувањето на Volkswagen Golf во 1974 година го стори своето – Rekord стана подобро продаван модел на Opel отколку Kadett. Беше јасно дека мора итно да се делува и со помош на дебела финансиска инекција од General Motors се пристапи на развој на нова архитектура со преден погон и нови мотори и менувачи за неа. Спакувани во коцкастата каросерија на Kadett D, тие пристигнаа на пазарот во 1979 година.

И покрај својата традиционална настроеност, купувачите го прифатија со раширени раце. Радикалниот технолошки но и квалитативен пресврт во гамата на Opel успеа и Golf во новиот Kadett доби адекватен конкурент. На располагање беше со три и пет врати и како караван, но и во верзии со скратено задно стакло и без задна врата, односно со две и четири врати кои не можеме да ги оквалификуваме како седан бидејќи ја имаа истата силуета како и хечбекот. Од новото семејство мотори беше опремуван со 1,3 литарски агрегати со 60 и 75 KS и 1,6 литарски со 90 KS, а топ верзијата Kadett GSE со 1,8 литарски со 115 KS. На купувачите им беше на располагање и со стариот 1,2 литарски агрегат со 53 и 60 KS, а на некои пазари и со 1,0 литарски со 50 KS. Имаше и дизел, 1,6 литарски со 54 KS.

До 1984 година од Kadett беа направени 2.092.087 примероци, а се произведуваше во Германија, Белгија, Велика Британија, Југославија, Индонезија и Јужна Африка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *