Tags: ,
Електрични рачни сопирачки (видео)

Ги истиснаа класичните

» Денес скоро сите нови модели на автомобили имаат електрични рачни сопирачки, кои нудат бројни предности. Најочигледни се пространоста и ергономија бидејќи рачката е заменета со мал прекинувач, како и олеснувањето на тргнувањето на нагорници. Се намалува и ризикот од кражба бидејќи често го оневозможуваат однесувањето на возилото.

Постојат два система кои се разликуваат според техничката изведба и начинот на делување. Првиот е само надградба на класичниот систем во кој сајлата наместо со рачен механизам се затегнува со електромотор. Активирањето на папучите односно плочките на сопирачките целосно е механичко, исто како и кај класичниот систем. Ваквото решение за прв пат се појави во 2001 година во Renault Vel Satis. Вториот систем е со електромеханички механизам кој ги активира клештите на сопирачките дискови, првобитно употребен 2002-рата во Lancia Thesis. За разлика од првиот систем кој како и класичната рачна сопирачка делува само на задната оска, тој ги активира сопирачките на сите четири тркала користејќи сопствена електроника или интегриран како дел од системот за контрола на стабилноста.

Возачите често намерно или случајно не ја повлекуваат рачната сопирачка кога паркираат, така што автоматскиот механизам е повеќе од добредојден. Вообичаено електричната рачна сопирачка се активира веднаш после гаснењето на моторот со што се зголемуваат едноставноста на користењето на возилото и безбедноста бидејќи го осигуруваат автомобилот од непланирано, најчесто опасно задвижување без надзор на возачот. Активирањето на сопирачката може да биде и во моментот кога возачот ќе ја отвори својата врата. Во случај на паркирање на стрмнина прописите наложуваат возилото да биде безбедно запрено на нагиб од 18 отсто, но производителите обично построги од тоа и во некои случаи ја подесуваат сопирачката да го задржи возилото и на 30 отсто. Некои модели на автомобили опремени со автоматски менувач овозможуваат активирање на рачната сопирачка при стоење на семафор, со што исто така се зголемува безбедноста, посебно на пешаците. При додавање на гас електричната рачна сопирачка се деактивира сама.

Постојат и други предности – на пример со две последователни повлекувања или едно долго може да се зголеми силата на кочење. Но постојат и проблеми, како што е деактивирањето во случај на дефект на акумулаторот. Предностите и недостатоците на електричните рачни сопирачки зависат од изведбата. Кај класичниот систем со сајла и електромотор предност се малите конструкциски разлики во однос на класичната рачна сопирачка. Заради тоа лесно се имплементира и кај најевтините автомобили кои имаат задни барабан сопирачки. Овозможува рачна деактивација, но во случај на дефект на системот сопирачката не функционира и возилото останува подвижно.

Интегрираните системи користат електромеханички актуатори кои ги активираат клиповите во клештите на сопирачките кои притискаат кочните плочки на дисковите. Заради ваквата изведба практично е невозможно да се користат кај автомобили со задни барабан дискови. Конструкциски се едноставни и заради користењето на посебен механизам на секое тркало обезбедуваат голем степен на безбедност. Плус на тоа електромоторите имаат висок степен на редукција што овозможува постигнување големи сили на кочење. Ваквите сопирачки не можат рачно да се деактивираат ако акумулаторот се испразни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *