![Денешниот ден во ретровизор <br/>13 јануари 1928 година](https://turbo1.mk/wp-content/uploads/2022/01/bc4255106ae5a8dc6157db7d3d9ffe12_20161125_ABP_064_HR_l_gal1-795x385.jpg)
Чудно правило за кое не успеавме да откриеме дали важи сé уште
» На денешниот ден 1928 година стапи на сила чудно правило со кое беше забрането возењето наназад во срцето на Лондон, во радиус од три милји од познатата крстосница Чаринг крос. Колку и да се трудевме не успеавме да откриеме дали тоа важи сé уште ниту пак причините зошто вакво правило е донесено, иако во голема мерка можеме да претпоставиме зошто бидејќи на ова место се спојуваат шест улици. Како и да е, ова ќе остане забележано во историјата како уште еден од многуте куриозитети на британските сообраќајни правила.