Tags:
Денешниот ден во ретровизор <br/>2 мај 1918 година

Зачетоците на една успешна бизнис-коалиција

» Иако е основан 1911 година, слободно може да кажеме дека приказната за Chevrolet влече корени од 1908-мата, кога тогашниот менаџер и главен инвеститор на Buick Вилијам Дурант го основа General Motors како холдинг компанија која ќе обединува повеќе марки на возила кои место да си конкурираат, ќе ги делат ресурсите за поголем профит. Новата компанија купуваше сé што ќе ѝ дојде под рака сакајќи да контролира што е можно повеќе автомобилски и производители на делови и додатоци, пребргу ширејќи се. Тоа доведе до недостаток на средства и големи долгови, по што незадоволните акционери кои не ја одобруваа сè понепромислената експанзионистичка политика на Дурант, го набркаа. Но, тој не седеше мирен – со идеја да создаде „друг GM“, заедно со Луис Шевролет ја основа компанијата која го носеше презимето на швајцарскиот тркач. Четири години подоцна заради меѓусебно несогласување Луис ја напушта компанијата која Дурант ја направи доста успешна и толку профитабилна што му овозможи да откупи доволно акции од General Motors за во 1916 година да си ја поврати контрола над компанијата и на денешен ден 1918-та да го интегрира Chevrolet во неговото портфолио.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *