Tags: , , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>13 ноември 1953 година

Зачетоците на шпанската автомобилска индустрија

» После граѓанската војна, Шпанија доста мудро пристапи кон индустријализацијата на земјата во која Seat имаше значајна улога. Корените на марката датираат од 1940 година кога беше основана компанија со цел да стане национален автомобилски производител, но плановите ги пореметија случувањата во Европа. Овој проект беше ревитализиран во 1948 година кога владата на генерал Франко заедно со шест банки потпишаа договор со Fiat за партнерство во креирањето домашен автомобилски производител. Две години подоцна беше основана нова компанија под називот S.E.A.T. како кратенка од Sociedad Española de Automóviles de Turismo, кога и започна градбата на фабриката во Барселона и паралелно со тоа да се создава мрежа на добавувачи на делови и компоненти низ земјата.

Од нејзините погони на денешен ден 1953 година излезе првиот автомобил направен по лиценца на Fiat 1400, заради што и ја имаше ознаката Seat 1400. Изборот може чуди бидејќи тој беше голема и скапа лимузина, но тогаш во земјата автомобили можеа да си дозволат да купат само државните служби и моќните компании и институции, така што тоа всушност беше сосема логичен деловен потег – да се лансира автомобил за кои има пазар. Во фабриката беа вработени 925 луѓе, а производството стартуваше со капацитет од 5 возила дневно. Првите возила беа монтирани од делови произведени во Италија, но веќе наредната 1954 година автомобилот беше 93% локализиран.

Се произведуваше до 1963 година, до кога беа направени 98.978 возила во повеќе варијанти и изведби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *