Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>14 јануари 1896 година

Британска компанија, германско име и технологии

» Официјално, за прв британски автомобилски производител се смета The Daimler Motor Company Limited, основана на денешен ден 1896 година. И пред тоа постоеја компании кои беа фокусирани на автомобилите, но тие немаа производствени погони туку главно се занимаваа само со увоз. Корените на оваа компанија и името кое не е случајно датираат уште од 1889 година кога британскиот инженер Фредерик Симс кој живеел и работел во Германија на една изложба во Бремен среќава мал трамвај задвижуван од мотор на Готлиб Дајмлер. Тој станува негов пријател и успева да ги обезбеди патентите за производство на неговите мотори не само во Велика Британија туку за целата британска империја. Со текот на времето неговата работа и намери биле забележани од инвеститорот Хари Лосон, кој со намера да произведува возила ја основа компанијата The Daimler Motor Company Limited, ги откупува правата и патентите што ги поседуваа Симс и неговата претходна компанија Daimler Motor Syndicate и во една стара предална за памук во Ковентри наредната 1897 година започнува со производство на првите автомобили во Велика Британија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *