Меѓу Peugeot 208 и Opel Corsa
» Наследникот на Fiat Punto кој според планот на Stellantis треба да го очекуваме во 2023 година ќе биде поставен на заедничката CMP платформа на компанијата. Неа, како што добро знаеме, веќе ја користат Peugeot 208 и Opel Corsa, меѓу кои ќе се најде место и за идниот Punto. Тоа што тие два модела пазарно веќе се блиску еден до друг значи дека новиот италијански субкомпакт ќе има тешка задача да ја поврати славата на неговите претходници. Но токму технологиите кои сега се среќаваат кај моделите на оваа платформа, вклучително и електричниот погон, ќе помогнат за враќањето на Punto и генерално на Fiat во оваа класа. PSA веќе повлече еден таков потег со новата генерација на Citroen C4, кој исто така ја има CMP платформата. А таа, во пресрет на новите модели, идната година треба да биде ажурирана при што ќе добие дополнителни можности, вклучително и хибридни погонски групи.
Како ќе изгледа идниот Punto, никој не знае. Фотографијата што ја гледате е само компјутерски рендер направен од страна на експертите на Auto Bild.