Tags:
Денешниот ден во ретровизор <br/>21 јуни 1947 година (видео)
 

Продолжение на легендата

» На денешен ден 1947 година стартуваше првата трка Mille Miglia после втората светска војна. Таа всушност требаше да се одржи во април, но беше одложена за Fiat да може да произведе доволен број примероци од моделот 1100 кој го возеа најголем број учесниците. Беа пријавени 245 но на стартот се појавија само 155 натпреварувачи – останатите 90 место да возат околу 1.800 километри колку што траеше трката која беше подолга заради разрушените патишта, едноставно си отидоа дома со четири нови Pirelli пневматици и полн резервоар гориво обезбедени од организаторите. Прв на целта со време од 16 часа, 16 минути и 39 секунди стигна Клементе Бјондети со моќниот предвоен Alfa Romeo 8C 2900B, кој Тацио Нуволари заради силниот дожд и своето лошо здравје и покрај големите напори не можеше да го предизвика со трипати послабиот спајдер Cisitalia 202 SMM, кој сепак доцнеше само 16 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *